Почетна / Проекти / Гасовод Скопје–Тетово–Гостивар
Гасоводи · Енергетска инфраструктура

Магистрален гасовод
Скопје–Тетово–Гостивар

Поврзување на западниот регион со националниот гасоводен систем

78 kmГлавна траса
10 kmПриклучен крак
4Блок станици
2Мерно-регулациони станици
За проектот

Гасоводна врска за западниот регион

Проектот „Изградба на магистрален гасовод – делница Скопје–Тетово–Гостивар“ претставува значаен сегмент од националниот систем за пренос на природен гас. Проектот опфаќа изградба на магистрален преносен гасовод, блок станици, главни мерно-регулациони станици и придружна инфраструктура, со што се создаваат услови за сигурно и континуирано снабдување со природен гас на домаќинствата, индустријата и јавниот сектор во западниот регион на државата. Изградбата на оваа делница претставува важен чекор кон развојот на националната енергетска инфраструктура, подобрување на енергетската ефикасност и зголемување на сигурноста на снабдувањето.

Улогата на Рапид Билд

Рапид Билд беше ангажиран во изведбата на магистралниот гасовод, обезбедувајќи целосна организација на градежните активности долж трасата, ангажман на сопствени инженерски тимови, специјализирана механизација и оперативна логистика. Реализацијата опфати изведба во разновидни теренски услови, со примена на современи технологии и континуирана координација на сите активности до успешно завршување на проектот.

Тип
Магистрален гасовод
Локација
Скопје – Тетово – Гостивар
Инвеститор
Македонски Енергетски Ресурси АД
Инфраструктура
Национален преносен систем
Изведба
Магистрален и приклучен гасовод
Стандарди
EN · ISO · API
Статус
Завршен
Побарај понуда
Скопје–Тетово–Гостивар

Галерија на проект

← Сите проекти