
Производствено-логистичката хала претставува современ индустриски објект наменет за ефикасна организација на производствените, логистичките и складишните процеси. Со оптимизиран конструктивен систем, функционален распоред и интегрирани технички решенија, објектот обезбедува сигурна, флексибилна и високоорганизирана работна средина, во согласност со современите индустриски стандарди.
Улогата на Рапид Билд
Рапид Билд го реализираше проектот како главен изведувач, со целосна одговорност за организација и координација на изведбата, набавка на сите потребни материјали, управување со градежните активности и техничка поддршка во сите фази од реализацијата. Проектот е изведен со сопствени инженерски и оперативни ресурси, современи инженерски решенија и високи стандарди за квалитет, безбедност и прецизност, согласно проектната документација, договорените рокови и барањата на инвеститорот.