HeavenWood е модерен резиденцијален комплекс во населба Илинден, составен од 10 помали станбени објекти, секој со по четири станови. Концептот е развиен со акцент на приватноста, мирното домување и функционалната организација на просторот, дополнети со уредени зелени површини и обезбеден приватен паркинг за жителите. Комплексот создава пријатна и безбедна станбена средина, наменета за современ семеен живот.
Улогата на Рапид Билд
Рапид Билд беше ангажиран за изведба на градежните работи на комплексот, со одговорност за организација и координација на активностите на градилиштето. Изведбата беше реализирана со стручни инженерски и оперативни тимови, сопствени технички капацитети и континуирана контрола на квалитетот, во согласност со проектната документација, утврдените стандарди и планираната динамика.