Стратешка меѓудржавна гасоводна врска која ги поврзува преносните системи на двете земји — клучна алка за енергетската сигурност на регионот.
Гасоводниот интерконектор Северна Македонија – Грција претставува стратешки инфраструктурен проект од национално и регионално значење, чија цел е воспоставување директна гасоводна врска помеѓу преносните системи на двете држави. Проектот е дел од пошироките европски иницијативи за диверзификација на изворите и правците на снабдување со природен гас, како и за унапредување на енергетската безбедност, сигурноста на снабдувањето и регионалната интеграција на енергетските пазари.
Улогата на Рапид Билд
Рапид Билд е главен изведувач на проектот и е одговорен за реализација на градежните и монтажните активности долж трасата на гасоводот. Проектот се изведува со примена на современи инженерски решенија, сопствени технички ресурси и специјализирана механизација, во согласност со највисоките меѓународни стандарди за квалитет, безбедност и заштита на животната средина.